Помладиот брат на Трамп хоспитализиран во Њујорк

од Vladimir Zorba

Помладиот брат на американскиот претседател Доналд Трамп, Роберт, е хоспитализиран во Њујорк, објави Белата куќа без дополнителни информации.

Портпаролот на Белата куќа, Џад Дир потврди дека помладиот брат на Трамп е во болницата.

Претседателот се очекува да го посети неговиот брат подоцна во текот на денот, додаде портпаролот.

Не е познато каква е болеста

Каналот „АБЦ Њуз“ изјави дека Роберт Трамп е „многу болен“, повикувајќи се на неименувани извори.

Слични содржини