Помогнете му на вашето тело да согорува калории побрзо: Најлошите навики во исхраната кои го забавуваат вашиот метаболизам

од Vladimir Zorba

Ако имате брз метаболизам, вашето тело согорува калории дури и додека спиете. Меѓутоа, ако не сте меѓу овие среќници и вашиот метаболизам е забавен, тој троши помалку енергија и помалку калории.

Сепак, има решение и за тоа, велат нутриционистите и откриваат какви грешки во исхраната најчесто прават луѓето и на тој начин го забавуваат метаболизмот.

1. Не јадете доволно протеини во текот на денот

Добивањето доволно протеини е важно за зајакнување на метаболичкото здравје. Консумацијата на храна богата со протеини е поврзана со подобар целокупен метаболизам.

Нутриционистот Харис-Пинкус вели дека не е важно само колку протеини јадеме, туку и кога ги јадеме.

– Повеќето луѓе консумираат доволно протеини, но не ги делат правилно помеѓу оброците и грицките, што е важно за раст и развој на мускулите – вели таа и советува да јадете најмалку 20 до 25 грама протеини по оброк, особено кога појадувате.

2. Прескокнувате појадок

Ако сте еден од оние кои не појадуваат наутро, можеби ќе сакате да размислите за воведување на оваа навика.

– Замислете го вашиот метаболизам како оган, за да гори, треба да го запалите, а појадокот го прави токму тоа – вели нутриционистот Гадсон.

Обидете се да ја промените вашата рутина за да имате балансиран оброк.

– Целта е да се сартува метаболизмот со појадок богат со хранливи материи од влакна, протеини и здрави масти – додава Гадсон.

3. Внесувате премногу дневни калории навечер

– Нашето тело сака да јаде во текот на денот кога сме поактивни и ни треба соодветно гориво. Не јадеме храна додека спиеме, бидејќи тоа не ни е потребно на нашиот организам, туку она што го јадеме преку ден влијае на нашите вечерни часови, што пак влијае на нашиот метаболизам.

Како што заоѓа сонцето, дигестивниот систем се забавува за да се подготви за спиење, така што луѓето што го прескокнуваат појадокот јадат малку во текот на денот и консумираат голем дел од дневните калории навечер, а со тоа работат против природните биоритми, вели Харис-Пинкус.

4. Не јадете доволно влакна

Влакната се клучна компонента за метаболичко здравје. Тие помагаат на метаболизмот на два начина – во процесот на варење и со тоа што не одржуваат сити.

5. Не внесувате доволно калории

Ако не консумираме доволно калории во текот на денот, тоа ќе го забави нашиот метаболизам.

„Мора да јадете калории за да согорите калории, и иако ви е потребен дефицит на калории за да изгубите тежина, консумирањето премногу малку калории може да го забави вашиот метаболизам“, објаснува Гадсон.

6. Конзумирате премногу преработена храна

На метаболизмот влијае количината на храна што ја јадеме и кога ја јадеме, но и видот на храната. Затоа, многу експерти препорачуваат да се ограничи внесот на преработена храна.

– Високо обработената индустриска храна обично се вари брзо и нема влакна, што значи дека не бара многу енергија за преработка – вели Харис Пинкус, пренесе MСН.

Слични содржини