Актуелно
Почетна / Глобално / Помпео го претстави годишниот извештај на Стејт департмент за ситуацијата со човековите права

Помпео го претстави годишниот извештај на Стејт департмент за ситуацијата со човековите права

Државниот секретар на САД Мајк Помпео вчера го претстави извештајот за човековите права на американскиот Стејт департмент за 2019 година.

Во воведниот говор, Помпео ја даде за пример Декларацијата за независост на САД, во која се вели дека „ништо не е поосновоположувачки за националниот карактер на Американците од вербата во правото и достинството за секој човек“.

Во својот настап, Помпео обрна внимание на неколку примери за нарушени човекови права, споменати во извештајот, а од такви земји како Кина, Иран, Куба и Венецуела.

Според него, Комунистичката партија на Кина користи високоразвиени технолошки системи за набљудување и следење на потенцијалните дисиденти, праќа во концентрациски кампови претставници на верски групи и врши заплашување на новинари.

-Граѓаните на Кина кои копнеат за подобра иднина се судираат со насилство, истакна Помпео, потсетувајќи за судбината на активистот Ван Меију, кој протестирал пред полициска станица повикувајќи да се спроведат избори, по што бил задржан. Подоцна, на сопругата на активистот и соопштиле дека тој умрел, без да дадат никакви објаснувања.

За ситуацијата во Иран, Помпео го спомена младиот инжинер Пуија Бахтијари, кој бил застрелан од безбедносните сили за за време на антивладини протести, и кој починал во рацете на мајка му.

Според него, извештајот исто така дава детални описи за „секојдневните престапи извршени од режимот на Мадуро во Венецуела, како на пример вонсудските казни, киднапирања и незаконските апсења.

Државниот секретар ја раскажа судбината на 34 годишниот опозиционер Елвин Мендоза, кој бил испратен на воен суд поради тоа што повикал земјата да ја прими хуманитарната помош. По еден месец престој во затвор тој починал.

За ситуацијата во Куба, Помпео ја изложи тешката ситуација кај многу политички затвореници кои се подложни на жестока тортура.

-Се молиме за денот кога Кубанците, Венецуелците, Кинезите, Иранците и претставниците на сите народи ќе можат слободно да го изнесуваат своето мислење и да се собираат без да се плашат од сопствените влади, изјави Помпео.

Истакна дека во извештајот на Стејт департментот се брани мирот, одговорноста и безбедноста, и дека тој потсетува сите држави да имаат високи стандарди за почитување на човековите права, и дека говори за вербата на САД „во луѓето кои пркосат на своите влади со повици да се ценат и почитуваат основните права на сите граѓани“.

За Северна Македонија, извештајот дава пофални зборови за Владата во насока на јакнење на независноста на судството. Оценето е дека, за разлика од претходните години, Владата ја почитува независноста на судството, и дека земјата покажала одлучност за јакнење на правосудниот систем со пресуди за некои случаи на СЈО.

Нотиран е и напредок во однос на борбата со корупцијата, но нагласено е дека корупцијата, сепак, е на високо ниво, и дека постои и насилство врз ЛГБТИ поединци.

loading...