Помпео: Иринеј беше инспиративен лидер, почитуван и ценет!

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео испрати сочувство до Српската православна црква вечерва за смртта на српскиот патријарх Иринеј.

– Во име на американскиот народ изразувам длабоко сочувство до Светиот архиерејски синод по повод упокојувањето на Неговата Светост, Архиепископот од Пеќ, Митрополит Белградско-Карловачки и Српскиот Патријарх Иринеј – стои во пораката на Помпео на Твитер, објави Амбасадата на САД во Србија.

Помпео додаде дека патријархот Иринеј бил инспиративен водач, почитуван и ценет надвор од Србија и Српската православна црква.

– Неговата посветеност кон црквата и нејзините верници остава трајно наследство за идните генерации. Нашите мисли и молитви се со сите членови на Српската православна црква во ова тешко време – се додава во пораката на шефот на американската дипломатија.

Слични содржини