Помпео ја откажа посетата на Брисел: Претставници на Европската унија не сакале да се сретнат со него?

од Stefanija Kuzmanovska

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, го откажа своето патување во Брисел, што требаше да биде негово последно деловно патување за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп, објави АП.

Патувањето е откажано по стравот од потенцијално насилство од демонстрантите на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Џо Бајден на 20 јануари, соопшти Стејт департментот.

Пред помалце од 18 часа откако беше објавено дека Помпео ќе отпатува за Брисел, Стејт департментот соопшти дека мора да го прекине патувањето на високи претставници, вклучувајќи го и Помпео, кој требаше да се состане со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО и белгискиот министер за надворешни работи.

Претставниците на ЕУ не сакале да се сретнат со Помпео?

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео го откажа своето патување во Европа во последен момент, откако министерот за надворешни работи на Луксембург и високи претставници на Европската унија одбија да се сретнат со него, наведе „Ројтерс“ повикувајќи се на дипломати запознати со ситуацијата.

Во соопштението на Стејт департментот на САД претходно беше наведено дека патувањето е откажано поради работата на трансферот на работата пред Џо Бајден да стапи на должност на 20 јануари.

Министерството за надворешни работи на Луксембург потврди дека посетата е откажана, додека институциите на ЕУ одбиваат да коментираат, пренесува Радио Слободна Европа.

Во Брисел, Помпео требаше да се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на приватна вечера.

Слични содржини