Помпео најавува санкции за ирачки официјални лица

од Maja Serafimova

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави  дека САД се подготвени да воведат санкции за ирачките службеници кои ја крадат државата и оние кои се одговорни за смртта на демонстранти.

-Нема да застанеме се додека ирачките власти прават нивниот народот да страда, изјави Помпео пред новинарите во Стејт департментот.

Тој додаде дека САД ќе користат правни овластувања за санкционирање на корумпираните лица и оние кои повредуваат и убиваат мирни демонстранти.

Слични содржини