Помпео одбил да го прими претставникот на Косово за дијалогот со Белград

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Мајк Помпео одбил да се сретне со координаторот за дијалог меѓу Белград и Приштина, Скендер Хисени, според дипломатски извори во Вашингтон, пишува Лајми, пренесува „Косово онлајн“.

Скендер Хисени во неделата отпатува за Вашингтон за да разговара со американските власти за иднината на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Но, првиот човек на американската надворешна политика одбил да се сретне со Хисени, според Лајми.

Според медиумите, САД имаат за цел да дадат нов импулс и енергија на дијалогот меѓу Белград и Приштина, со директен ангажман на самиот Доналд Трамп, кој испрати две писма во кои ги повикува косовскиот претседател и српскиот претседател да постигнат договор.

Трамп исто така назначи специјален пратеник за дијалог. На тоа се спротивставија државите од Европската унија, кои инсистираа дијалогот да биде посредуван од нив, и покрај тоа што процесот беше одолговлечен подолго време заради недоволно ангажирање на земјите членки, пишува Лајми.

Претходно денес приштинскиот медум „Коха“ соопшти дека средба со Помпео не е планирана и дека Хисени ќе се сретне само со специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, иако Хисени по пристигнувањето во САД изјави дека ќе се сретне со двајцата американски официјални претставници.

Слични содржини