Помпео: Русија нема да може да влијае на резултатите од претстојните избори во САД

од Vladimir Zorba

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, изјави дека Русија нема да може да влијае на резултатите од претстојните претседателски избори во САД, кои ќе се одржат на 3 ноември.

„На Русите им ставивме јасно до знаење дека сите такви обиди се недозволиви и сигурен сум дека ќе обезбедиме безбедни избори врз кои нема да можат да влијаат“, рече тој.

Помпео повтори, сепак, дека Русија се мешала во претходните избори одржани во 2016 година, како и во изборите за Претставничкиот дом во 2018 година.

„Сепак, сигурен сум дека администрацијата на Трамп успеа да го одбрани гласот на секој поединец во 2018 година. Истото ќе го сториме и оваа година“, заклучи американскиот политичар.

Претходно, директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Реј, изјави дека Русија се обидува да влијае на изборите во 2020 година, но дека не се меша во американската инфраструктура на кој било начин.

Сепак, тој не презентираше докази дека Русија се обидела да се меша во американските избори на кој било начин.

Слични содржини