Помпео: САД и сојузниците нема да дозволат Иран да се стекне со нуклеарно оружје

од Vladimir Zorba
162 прегледи

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис денеска изјави дека САД ќе продолжат да работат со сојузниците, за да гарантираат дека Техеран нема да се стекне со нуклеарно оружје.

– Ќе продолжиме да работиме рамо до рамо со сојузниците и партнерите, за да гарантираме дека Иран нема никогаш да располага со нуклеарно оружје и ќе работиме со другите против штетното влијание на Иран, посочи Матис пред сослушувањето пред буџетската комисија на Сенатот.

Тој додаде дека актуелната администрација останува ангажирана за безбедноста, интересите и благосостојбата на американските граѓани.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и дека повторно се воведуваат санкции од „највисок степен“ кон Иран.

Матис се осврна и на одностите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг, нагласувајќи оти има извесен оптимизам по ослободувањето на тројцата американски затвореници, кои се на пат кон дома.

– Мислам дека има основа за извесен оптимизам дека тие преговори можат да вродат со плод, истакна Матис, алудирајќи на планираната средба меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Претходно, американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека е договорено времето и местото на состанок на Трамп и Ким, а во следните денови ќе бидат објавени деталите.

Слични содржини