Помпео: САД се понудија да му помогнат на Иран со коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

САД во моментов не е вклучена во непријателства кон Иран и на Техеран му понуди техничка помош во справувањето со епидемијата од новиот коронавирус, изјави американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

-Ние и дадовме понуда на Исламската Република за помош, им соопшти Помпео на конгресмените откако го притиснаа околу глобалниот одговор на заразата, во сослушувањето во Конгресот што во фокусот го имаше Иран.

Американските конгресмени се загрижени дека во Иран е забележана сериозна појава на коронавирусот, додека нивниот здравствен систем е ослабнат.

Помпео истакна дека здравствениот систем во Иран не е стабилен и додаде дека Техеран не споделува информации.

Слични содржини