Помпео скандалозно прекинал интервју со новинарка на „Нешнел Публик Радио“

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Мајк Помпео викал, и користел навреди, на новинарката Мери Луиз Кели по интервјуто што го прекинал незадоволен од поставувањето прашања за Украина, јави Нешнел Публик Радио (НПР).

Интервјуто било договорено и спроведено во Стејт департментот.

Но, Помпео одбил да одговори на повторените прашања во врска со Украина и американскиот амбасадор во Киев, изјавувајќи дека се согласил на интервју за политиката на администрацијата за Иран. Новинарката тврди дека било договорено со неговите соработници и Украина да биде една од темите.

Во изјавата на НПР се вели дека „веднаш по прашањето за Украина, интервјуто завршило“.

Помпео станал и погледнал во Кели неколку секунди, а потоа ја напуштил собата. Неговиот соработник побарал од Кели да го придружува Помпео во неговите канцеларии во Стејт департментот, без диктафон, се вели во соопштението на НПР.

„Помпео во собата гласно го изрази своето незадоволство од прашањето за Украина. Тој повеќе пати користеше псовки и ја прашуваше новинарката -„ Мислите ли дека Американците се грижат за Украина “?

Самата новинарка подоцна рече: „Тие ме одведоа во приватниот оддел на секретарот, каде тој чекаше и ми викаше долгоколку што траеше и интервјуто“.

Според неа, тој користел псовки.

Потоа ја прашал дали може да ја најде Украина на мапа и кога одговорила – да, ги повикал своите соработници да му донесат мапа на светот без обележани земји.

„Покажав на Украина. Потоа ја отстрани мапата. Тој рече – луѓето ќе слушнат за ова, се сврте наоколу и рече дека има работа, а јас му се заблагодарив и заминав“, рече новинарката.

Ниту Белата куќа, ниту Стејт департментот не одговорија на барањето за коментар на Си-ен-би-си за однесувањето на Помпео.

Слични содржини