Помпео: Суверенитетот и независноста на Косово остануваат клучни за стабилноста на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Мајк Помпео рече дека суверенитетот и независноста на Косово остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

„По последните парламентарни избори и формирањето на владата, Косово има нова можност да го постигне својот целосен потенцијал и за нејзините граѓани и за соседните земји“, соопштија од Стејт департментот.

Во честитката за независноста на Косово, Помпео го истакна силното партнерство меѓу двете земји.

„Соединетите држави го поддржуваат Косово на нејзиниот пат кон интеграција во трансатлантските институции и ќе продолжат да работат на зајакнување на владеењето на правото, елиминирање на корупцијата и промовирање на економски просперитет за сите косовски граѓани“, рече Помпео во честитката за Денот на независноста на Косово.

Тој посочува дека „Соединетите држави се охрабрени од неодамнешните настани кои сигнализираат чекор кон засилување на инвестициите, туризмот и трговијата и меѓучовечките односи со Србија, поставувајќи ги темелите за понатамошен напредок кон целокупната нормализација во блиска иднина“.

Декларацијата за независност беше усвоена од косовскиот парламент на 17 февруари 2008 година.

Слични содржини