Помпео: Заканата од кинеската комунистичка партија е јасна, ние мора да ја заштитиме нашата слобода

од Vladimir Zorba

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја нарече Комунистичката партија на Кина (КПК) главна закана на денешницата, на која Вашингтон успеа да го сврти вниманието на другите земји.

Тој истакна дека американската дипломатија и помогнала на меѓународната заедница да ја разбере заканата од КПК.

„Ниту една администрација, ниту републиканците, ниту демократите не биле толку агресивни во борбата против непријателските активности на Кина како администрацијата на претседателот Доналд Трамп“, рече американскиот државен секретар.

Според него, Вашингтон вовел санкции за „кинеското раководство“, како и на компаниите од Кина и го затворил конзулатот во Хјустон, затоа што тоа било „гнездо на шпиони“.

Како дел од борбата против Кина, Стејт департментот побара распределба на 1,47 милијарди долари за следната година за да им помогне на земјите од регионот на Пацификот. „што претставува зголемување од 20% во однос на буџетот за 2020 година“.

– Заканата на Комунистичката партија на Кина станува јасна, а нациите истомисленици почнуваат да се собираат за да застанат против неа и да ја заштитат нашата слобода и демократија – напиша Помпео на својот профил на Твитер.

Слични содржини