Понекогаш жалам што влегов во политиката, вели Силјановска-Давкова

од Nikola Popovski

Пратеничката и поранешната кандидатка за претседател на државата, Гордана Силјановска-Давкова вечерва изјави дека понекогаш жали што влегла во политиката.

-Зависи. Понекогаш да, но мислам дека е важно ние од науката да имаме просветителска мисија, да не си ја оставиме професијата и етиката на факултет, туку да ги внесеме во собраниската сала или во владините органи и да кажеме дека навистина со аргументи вреди да се делува, рече Давкова во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Слични содржини