Во предлогот на Регулаторната комисија за енергетика  предлага да се зголеми опфатот на ранливите потрошувачи на електрична енергија, вели првиот човек на комисијата Марко Бислимовски во интервју за МИА.

„Со предлогот покрај домаќинствата кои земаат постојана социјална парична помош, бараме во ранливи категории да влезат и домаќинствата во кои нема ниту еден вработен и кои не се корисници на постојана социјална парична помош и немаат друг извор на пари. Бараме во оваа категорија да се вметнат и домаќинствата кои имаат невработено лице корисник на паричен  надоместок од Агенцијата за вработување во висина на постојната социјална помош и е единствен приход во домаќинството, како и домаќинствата кои се со повеќе од два члена во кои има еден член што е пензионер и добива минимална пензија, односно е во првата група, и тоа е единствен приход во домаќинството. Бараме да се вметнат и домаќинства со повеќе од два члена во кои има само еден вработен со минимална плата чиј износ се движи во висина на постојана социјална парична помош и нема други приходи во домаќинствата. Дополнително, имајќи ги во предвид проблемите кои ги предизвика ковид кризата во економијата, побаравме  во ранливите потрошувачи да се вметнат и домаќинствата кои имаат невработено лице од 1 април 2020 година што е корисник на парична помош во случај на невработеност од Агенцијата за вработување, вели Бислимовски за МИА.

Слични содржини