Романскиот премиер Виктор Понта е обвинет за корупција, измама, даночно затајување и перење пари, пренесе АФП, повикувајќи се на официјална информација.Пред неколку дена романскиот премиер се врати на работа по речиси еден месец отсуство поради здравствени причини.

20150713.orzexfrnmw

Тој беше примен во турска болница во средината на јуни за операција на коленото. Неговото отсуство се совпадна со започнувањето на кривична истрага за неговото минато како адвокат. Обвинителството се сомнева дека Понта имал  фалсификување на документи, перење пари и даночно затајување. Според премиерот,  обвинувањата се лажни и се на политичка основа. Вчера Понта поднесе оставка од функцијата како шеф на социјалдемократите (СДП). “За да не се дозволи оваа ситуација (кривичната постапка против него) да се одрази на СДП, решив да напуштам како партиски лидер, додека не докаже мојата невиност”, соопшти тој на својот профил на Фејсбук, цитиран од АФП. Конзервативниот претседател Клаус Јоханис пак го повикува да ја напушти и владата.

Слични содржини