Почетна / Актуелно / Понтификална света миса за Светицата Мајка Тереза

Понтификална света миса за Светицата Мајка Тереза

 

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска во рамки на татковинската прослава „Денови на Света Мајка Тереза“ ќе се одржи понтификална света миса по повод нејзиното прогласување за Светица.мајка тереза

Најавено е дека светата миса ќе ја предводи специјалниот папски кардинал, сараевскиот надбискуп, кардиналот Винко Пулиќ.

На централниот настан се очекува да се обрати и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој е покровител на прославата. Обраќање е најавено и на Скопскиот бискуп и апостолски егзарх Киро Стојанов.

Светата миса ќе ја следат голем број верници, претставници на Католичката црква и на другите верски заедници, домашни и странски делегации.

По повод прогласувањето на Мајка Тереза за Светица од страна на Ватикан, во текот на изминатите седум дена во Македонија се одржаа низа настани во рамки на татковинската прослава.

Во спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје беа врачени статуетки со ликот на Светата Мајка Тереза и благодарници на хумани личности и организации кои во изминатиот период се докажале во областа на хуманизамот, помагањето и намалувањето на човековите страдања.

Македонската академија на науките и уметностите организираше свечена академија за ликот и делото на Светицата Мајка Тереза, а вчера беше отворена и изложбата „Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија за Света Мајка Тереза“.

Агнеза Гонџа Бојаџиу позната како Мајка Тереза на 4 септември на плоштадот „Св. Петар“ во Ватикан беше прогласена за Светица од страна на поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск.

Нејзиниот чудотворен карактер беше признат од Римокатоличката црква, а церемонијата на беатификација која беше чекор кон нејзино прогласување за Светица се одржа на плоштадот „Св. Петар“ во 2003 година. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, а присуствуваа над 300 илјади верници.

Мајка Тереза почина во 1997 година во Калкута, Индија. Родена е во Скопје на 26 август 1910 година како Агнес Гонџа Бојаџиу. Во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир за извонредно широката дејност во помагањето на бедните, болните и унесреќените во целиот све

loading...