Попладнево нова седница на Центарот за управување со кризи

Генералниот штаб за управување со кризи попладнево во часот ќе оддржи нова седница.

Како што е најавено на неа, треба да се разгледа Нацрт-акцискиот план за борба против пандемијата што инаку го изготвува Центарот за управување со кризи.

Инаку, уште вчера беше оддржана седница. Согласно одлуката за кризна сосојба, по констурктивната и куса дискусија, од ЦУК соопштија дека е утврдена рамката на активности на институциите во контекст на усвојување на акцискиот план.

Со Главниот штаб раководеше в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Според ЦУК, донесената Одлука за кризна состојба на територијата на цела држава е во насока на заштита на јавното здравје во услови на пандемија, безбедноста на населението и за спречување на Корона вирусот.

Слични содржини