ПОПЛАВА ВО РИМ поради обилни дождови: Водата носи контејнери и мотори (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Поројните врнежи на дожд во Рим се главна тема на многу медиуми, не само поради штетата и опасноста предизвикана од водата, туку и поради контроверзноста на политичките партии кои го искористија невремето за изборната кампања, пишува весникот „Република“.

Невремето вчера попладне за кратко време ги претвори улиците на главниот град во реки, пожарникарите интервенираа да спасат 40 деца од поплавена градинка, еден возач со посебни потреби беше спасен од автомобил што заврши во поплавен премин.

Различни служби за помош и интервенција беа бомбардирани со повици на граѓани, а во исто време социјалните мрежи беа преплавени со фотографии и снимки од невремето.

Многу улици изгледаа како реки чии бранови носеа контејнери за ѓубре, мотори и се друго што ќе им се најдеше на патот.

Слични содржини