Поплави во Кина, има жртви и исчезнати

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку 12 лица ги загубија животите, а уште 12 се водат како исчезнати, додека на илјадници други луѓе им се закануваат последиците од поројните поплави во југозападниот и северозападниот дел на Кина, јавија денеска државните медиуми.

Во југозападната провинција Сечуан, најмалку шест лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати откако дождовите предизвикаа поројни поплави, објави државната агенција CGTN, пренесува АП.

Околу 1.300 луѓе беа евакуирани во саботата.

Слични содржини