Поплави во Сахара за прв пат по половина век

од Vladimir Zorba
451 прегледи

Дводневните врнежи од септември во неколку области на регионот Сахара во југоисточниот дел на Мароко ги надминаа годишните просеци и предизвикаа поплави, објавија претставници на метеоролошката агенција на земјата.

Тагунит, село на околу 450 километри јужно од главниот град Рабат, забележа повеќе од 100 mm (3,9 инчи) дожд за 24 часа, пишува Гардијан.

Сателитски снимки на НАСА покажуваат дека езерото Ирики, кое е суво 50 години, се полни со вода.

„Поминаа меѓу 30 и 50 години откако имавме толку многу дожд за толку краток временски период“, изјави за АП Хусине Хуабеб, официјален претставник на метеоролошката агенција на Мароко.

Овие дождови, кои метеоролозите ги нарекуваат екстратропска бура, можат да ги променат временските услови во регионот во наредните месеци и години.

„Како што воздухот задржува повеќе влага, тој поттикнува повеќе испарување на водата и предизвикува повеќе бури“, изјави Јуабеб за американската агенција.

Селест Сауло, генерален секретар на Светската метеоролошка организација, изјави дека „циклусот на водата во природата низ светот се менува со зголемена фреквенција“.

„Поради порастот на температурите, хидролошкиот циклус е забрзан. Исто така, стана непредвидливо и нестабилно и денес се соочуваме со се поголеми проблеми со премногу или премалку вода“, рече Сауло.

Во поплавите во Мароко минатиот месец загинаа 18 лица, а ефектите се проширија и во регионите кои беа погодени од земјотрес минатата година.

Исто така, имаше извештаи за преградени акумулации во југоисточниот регион кои се полнеле со рекордно темпо во текот на септември.

Слични содржини