Поплавите во Кентаки однесоа најмалку 28 животи

од Stefanija Kuzmanovska

Во поплавите предизвикани од обилните врнежи во источен Кентаки загинаа најмалку 28 лица, меѓу кои и четири деца, изјави гувернерот на таа американска држава Енди Бешир.

Водата однела некои домови во најтешко погодените области по неколкудневните обилни дождови, некои од најлошите во историјата на државата, според гувернерот, објави „Ројтерс“.

Спасувачките екипи со чамци минуваат низ станбени и деловни области во потрага по жртви.

Слични содржини