Поповолни очекувања во преработувачката индустрија, повеќе нарачки и вработени

од Vladimir Zorba

Поповолна состојба со нарачки во преработувачката индустрија имаат раководителите на деловните субјекти во оваа гранка за јуни годинава во однос на претходниот месец, објави Државниот завод за статистика.

Нивните очекувања за обемот на производството во наредните три месеци се исто така поповолни, а и залихите на готови производи се зголемени во јуни во однос на мај годинава.

Се очекува бројот на вработените во преработувачката индустрија да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2019 година изнесува 69,9 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат недостигот на квалификувана работна сила со 26,2 отсто, недоволната странска побарувачка со 15,6 отсто, недоволната домашна побарувачка со 14,4 отсто и неизвесното економско опкружување со 11,9 отсто.

Слични содржини