Поповска: Нема да гласаме изборен законик кој нема да содржи една изборна единица

од Aleksandar Todeski

По тркалезната маса, иницијативата за една изборна единица се зголеми од 12 на 15 подносителите.  Нема да го гласаме изборниот законик ако тоа не стои во следните измени, рече пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ по завршување на дебатата за една изборна единица.

„Ќе го поднесеме предлогот до парламентот. Сметајќи дека имаме поддршка од најголемата политичка партија од мнозинството, СДСМ, очекуваме да се обезбеди мнозинство со вграден изборен модел со една изборна едницина. Ќе бараме отворени листи и еднаков број на мажи и жени“, рече Поповска.

 

Слични содржини