Поповска за Заев: Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања!

од Nikola Popovski

Поранешната пратеничка и коалиционен партнер на Зоран Заев, Лилјана Поповска од партијата ДОМ се огласи на социјалните мрежи по денешното интервју на премиерот Зоран Заев за новинската агенција БГНЕС.

„Ужас до болка. Ако на ЕУ и треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме, престанала да постои!? Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова!!“, напиша Поповска.

Во интервјуто, премиерот Заев изјави дека Бугарија не била фашистичка држава.

„Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината. Треба да создадеме позитивна атмосфера за младите да го користат ова минато како „отскочна штица“ за подобра иднина во наредниот период. Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да нѐ обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Ако некој си дозволи да ја оцрни Бугарија со ПР-публикации ширум светот, ќе сноси одговорност. Тоа нема да го дозволам. Државата не учествува во тоа“, вели Заев.

Слични содржини