Поповски: На ВМРО-ДПМНЕ им одговата status quo состојба за медиумите, затоа одолговлекуваат

од desk3

Работните групи за медиумската сфера денеска и утре нема да имаат средби.
Наредната средба, најверојатно, ќе се одржи в среда, а рокот за да се постигне договор е крајот на оваа недела.

robert popovski

Од опозициската СДСМ за А1он велат дека целта на ВМРО-ДПМНЕ е да ги одложува колку што може конечните решенија и да го опструира процесот со цел состојбата да остане статус кво. Што се однесува до доставените предлози на ВМРО-ДПМНЕ, изворите велат дека повеќе се козметички, отколку суштински.

– ВМРО-ДПМНЕ ја применува истата тактика како во целиот преговарачки процес до сега, а тоа е одолговлекувањето. Тоа е нивен стил. Истото го правеа кога се договараше Законот за Влада или Законот за специјален јавен обвинител. Тие треба да одговорат зошто не поднесуваат предлози во рамки на договорената динамика. Инсистираат на статус кво позиција во сите области, затоа што они го создале тој систем и не сакаат да се менува, како што веќе слушнавме од бомбите – вели Робет Поповски од СДСМ.

Мигрантите на македонската граница се соблекоа полуголи и си ги зашиваат усните

Во петокот, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари пред Клубот на пратеници најавија дека ќе протестираат ако новинарските здруженија не бидат вклучени во разговорите за медиумите.

Насер Селмани, претседател на ЗНМ, реагираше на последните измени на Изборниот законик во кој се вклучени и интернет-порталите и предвидени се глоби од 8.000 евра.
Специјалното обвинителство на Јанева уште се обучува и сместува

– Најновите измени во Изборниот законик, кои се донесени во нетранспарентна постапка, се скандалозни. Големите казни, пак, ќе го зголемат притисокот врз медиумите, а може да предизвикаат и нивно згаснување. Ова што се случува е недозволиво и бараме Ванхауте итно да нè стави во преговарачкиот процес – изјави Селмани.

Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници, рече дека нема да дозволат зад затворени врати да се носат решенија.

– Нема да дозволиме да ни воведат цензура. ССНМ е згрозен од овој чин и од инсистирањето на мала врата да се внесе цензурата во медиумите – изјави Чаусидис.

Слични содржини