Поповски: Потребни се трајни мерки, затоа што Ковид-19 нема да исчезне

од Nikola Popovski

Владата носи интервентни мерки, кои се предложени од интервентни штабови. Во целиот свет е ист проблемот и истата тема е главна. Мое мислење е дека треба да се прекине со таквите, туку да се претворат во системски и трајни мерки, вели поранешниот министер и актуелен универзитетски професор, Никола Поповски во емисијата „24 анализа“.

Тој очекува коронавирусот да не биде присутен уште само 15 или 20 месеци, туку постојано да остане да живее со нас во светот.

-Секој кој живее или работи треба да биде заштитен и да ги штити другите од овој вирус на долг рок. Треба да почне да се размислува во насока на заштита од работа. Ние мораме да се заштитиме од вирусот и затоа се потребни трајни мерки, додава Поповски.

Слични содржини