Кијану Ривс е познат по тоа што својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, особено по трагедијата во која најпрво ја изгуби предвреме родената ќерка, а по помалку од две години неговата девојка загина во сообраќајна несреќа.

Оттогаш тој ретко зборува за својот живот, а уште поретко за љубовта, иако неколкупати го поврзуваа со неговата колешка од „Матрикс“, Кери Ен Мос, со актерката Чајна Чоу, но и со Сандра Булок.

Овојпат, тој реши да го скрши молкот, појавувајќи се на LACMA-галата со Александра Грант, држејќи се за рака. Грант е уметник, а со Ривс имаат соработувано повеќепати во минатото, на илустрациите на неговите книги, а во 2017 заедно основале издавачка куќа.

Како што наведуваат светските таблоиди, Грант соработува со поети и писатели, а е особено добра во вајање, сликање и скицирање. Досега постоеле неколку сомнежи дека тие двајца се во романтичен однос, а заедничкото појавување на LACMA само го потврдило тоа.

Слични содржини