Популарниот италијански плејбој и милионер стана татко

од Stefanija Kuzmanovska

Популарниот италијански плејбој и милионер Џанлука Ваки (52) и неговата девојка Шерон Фонсека (25) за првпат станаа родители, а Шерон роди девојче кое доби необично име.

Имено, Џанлука ја објави среќната вест на социјалната мрежа Инстаграм, каде објави фотографија од сите тројца и напиша:

– Таа е со нас. Јас и Шерон сме среќни што можеме да објавиме дека утрово се роди нашата ќерка, Блу Ерусалим Ваки. Фала му на Бога што е здрава и ние едноставно веќе ја сакаме повеќе од нашите животи. Џанлука и Шерон – беше напишано во емотивната објава.

Објавата собра 3,2 милиони лајкови, како и низа коментари од неговите следбеници кои му честитаат на него и на неговата партнерка.

Слични содржини