Популарно овошје содржи повеќе шеќер отколку што мислевме

од Stefanija Kuzmanovska

Овошјето е одличен извор на витамини и минерали кои навистина ни се потребни за одржување на нашето здравје. И додека овошјето како здрава храна несомнено треба да биде дел од нашата секојдневна исхрана, нутриционистите предупредуваат дека не е секое овошје исто.

Дијабетичарите треба да внимаваат при изборот на овошје бидејќи некои видови содржат висок процент на шеќер. Иако овие шеќери се природни сами по себе, истражувањата покажуваат дека не се погодни за секого.

Како што пренесува „WebMD“, дури седум видови овошје содржат големи количества шеќер, кој доколку се консумира прекумерно може да предизвика дебелеење и многу други здравствени проблеми. Тоа се манго, грозје, цреши, круши, лубеница, смокви и банани.

На пример, само едно манго содржи неверојатни 46 грама шеќер.

Од друга страна, нутриционистите нагласуваат дека има овошја кои содржат многу малку шеќер, па затоа ги препорачуваат за почесто консумирање. Станува збор за авокадо, малини, диња, папаја и јагоди.

Слични содржини