Попуштија живците на Хрватите: Три жени се степале пред продавница затоа што баба прашала зошто не носат маски (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Три жени физички се судриле пред продавница во Цриквеница, Хрватска, а на сè му претходела расправија околу маските.

Имено, една постара госпоѓа предупредила две помлади жени со дете во количка на анти-епидемиските мерки. Прво се судриле вербално, а потоа и физички.

– Те молам, остани подалеку од мене и одржувај дистанца. А зошто немате маска? ја прашала постарата жена онаа помладата.

Потоа следувала расправија, а наскоро и тепачка пред продавницата на улицата Винодолска, пишува 24 часа.
– Помладата девојка прва ја нападна постарата госпоѓа која ги нападна затоа што не носеле маска и не одржувале социјална дистанца. По неколку минути, едно момче интервенирало и се обидело да ја одбрани постарата дама, но потоа тие почнале да и викаат и да и упатуваат погрдни зборови – раскажува сведокот на настанот.

Полицискиот оддел на Приморско-Горанската област добило пријава за жени кои гласно се расправаат на улица.

Слични содржини