Поради болеста со која се бори, Брус Вилис повеќе не може да го разбере говорот на другите

од Stefanija Kuzmanovska

Веста дека холивудскиот актер Брус Вилис боледува од тешка болест го потресе целиот свет. Дури и кога се разјасни дека афазијата е нарушување на стекнатиот јазик и говор, никој не помислуваше дека болеста толку брзо ќе напредува. Иако неодамна ги прифаќаше сите можни улоги кои му беа понудени, Брус Вилис мораше да се повлече од светот на филмот.

Не може да ги памти на текстовите, а Силвестер Сталоне неодамна откри дека не може ниту да комуницира. Блиски извори велат дека семејството на актерот е свесно дека Брус нема да биде вечно со нив и затоа го цени секој заеднички момент. Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешна сопруга на Брус Вилис, се зближија уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да си го олесни животот со оваа болест.

„Деми ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, таа е на телефон само за да го слушне гласот на Брус“, објаснил извор близок до медиумите, додавајќи: „Брус не може многу да зборува и изгледа дека не разбира многу од тоа што другите му го зборуваат. Ема стана негов глас и некој што комуницира за него. Има денови кога гледаат парчиња од стариот Брус, но тоа се минливи моменти. Брус изгледа како да се оддалечува од нив се повеќе и им ги крши срцата.Тие не можат да го замислат Божиќ без својот сакан човек“, рекол изворот и додал:

„На неговите постари ќерки им недостига татко им таков каков што беше, тој што ги задеваше за нивните момчиња и им даваше несакани совети. За празниците кои доаѓаат, се што можат да направат е да му кажат дека го сакаат и да се молат за чудо“, заклучи изворот.

Слични содржини