Поради бура во Франција без струја се над 140.000 домаќинства

од Maja Serafimova

Најмалку 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија денеска поради силно невреме што погоди делови од Франција. Блокирани се и патишта поради откорнати и паднати стебла од дрвја.

Бурата Амелија донесе и поројни поплави на југоисток во државата.

Од камп се евакуирани 47 лица. Во прекин е и железничкиот сообраќај на повеќе правци.

Ударите на ветрот достигнаа 160 километри на час. Бурата се движи кон копно и интензитетот слабее, соопшти националната метеоролошка служба.

Слични содржини