Поради дипломатскиот конфликт со Русија, Чешка се откажа од набавката на Спутник V

од Vladimir Zorba

Чешката влада во понеделникот објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендер за нуклеарна централа вреден повеќе милијарди евра и дека се откажала од набавка на руската вакцина „Спутник V“, во услови на дипломатски конфликт со Москва.

Одлуката е донесена по неколку меѓусебни протерувања на дипломати, откако Прага ги обвини руските тајни служби за смртоносната експлозија на чешка територија во 2014 година.

„Нема да бараме документи за проценка на безбедноста од „Росатом“, им рече на новинарите чешкиот министер за индустрија и трговија Карел Хавличек.

По одлуката за исклучување, до 2036 година може да се потпише договор за изградба на нова единица во нуклеарната централа Дуковани во јужна Бохемија со францускиот EDF, јужнокорејскиот KHNP и американскиот Westinghouse.

Чешкиот министер за надворешни работи Јан Хамачек објави дека неговата земја нема намера да го купи Спутник V, руска вакцина против Ковид-19.

„Ние се потпираме на вакцините одобрени од Европската агенција за лекови, ЕМА“, додаде тој.

Употребата на Спутник V предизвика превирања на чешката политичка сцена.

Пред една недела, чешкото претседателство објави смена на министерот за надворешни работи Томас Петричек, кој беше против употребата на вакцината без европско одобрување,

Слични содржини