Поради еден контакт затворени се преку 2 милиони луѓе во Австралија?!

.Од денес, околу два милиони Австралијанци се под строги мерки на блокада откако беше откриен еден случај на коронавирус во Перт, главниот град на државата Западна Австралија, пренесува Ројтерс.

Властите воведоа петдневна блокада на Перт, откако вработен во хотелско обезбедување, кој работеше на карантин за повратници од странство, беше заразен со Ковид 19.

Според изјавата, 66 лица биле во близок контакт со работникот и ниту еден од резултатите од тестот досега не бил позитивен за вирусот.

„Вкупно 13 блиски контакти се негативни за вирусот, а 11 кои се прогласени за контакти со висок ризик се префрлени во карантин во хотелот како дополнителна мерка на претпазливост“, рече премиерот на Западна Австралија, Марк МекГован.

Според него, резултатите од тестовите на преостанатите контакти треба да пристигнат денес.

Австралија во голема мерка успеа да го контролира ширењето на коронавирусот – скоро 29.000 луѓе се заразени, а 909 починаа. Кампањата за вакцинација започнува овој месец.

Слични содржини