Поради една фотографија фановите убедени дека Меган Маркл присуствувала на крунисувањето

од Stefanija Kuzmanovska

Во саботата на 6 мај се одржа крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и неговата сопруга Камила.

Како што е познато, принцот Хари не е во добри односи со семејството, па под знак прашалник беше дали воопшто ќе се појави на крунисувањето.

Сепак, тој дојде во Лондон, но без сопругата Меган Маркл.

Веќе беше најавено дека Меган нема да присуствува на церемонијата, иако не се наведени причините.

Меѓутоа, луѓето набрзо создадоа „теорија на заговор“, а на социјалните мрежи се прошири тврдењето дека актерката сепак присуствувала на крунисувањето.

Имено, имаше тврдења дека таа „се прикраде преправена во постар маж“.

Иако се работи само за шега, има и такви кои мислат дека можеби има вистина во ова.

„Дали луѓето навистина мислат дека таа би отишла толку далеку за да дојде и да биде опкружена со луѓе кои дури и не ја сакаат?“, „Тоа е канадска ТВ ѕвезда, а не Меган“, „Луѓето треба да престанат да се опседнуваат со Хари и Меган“, се само некои од коментарите на Твитер.

Слични содржини