Поради климатските промени, во атмосферата измерено 4 пати повеќе метан

од Stefanija Kuzmanovska

Истражувајќи ги климатските промени, научниците од Технолошкиот институт Нанјанг во Сингапур открија дека тие влијаат на создавањето на атмосферскиот метан во многу поголема мера отколку што се мислеше.

За да го спроведат ова истражување, научниците ги анализираа атмосферските настани во последните четири децении, земајќи ги предвид различните ситуации во кои температурните промени доведуваат до намалување или зголемување на метанот во атмосферата.

Тие дојдоа до сознание дека во наредниот период Земјата би можела да создаде дури четири пати поголема количина на метан од претходните проценки, додека согорувањето на овој гас би можело да биде исто толку помалку.

Понатамошниот процес на оксидација доведува до формирање на атмосферски јаглерод диоксид, што повторно негативно влијае на климата поради ефектот на стаклена градина.

Проблемот е што зголемените температури доведуваат до зголемен број шумски пожари ширум светот, што го спречува намалувањето на количината на метан во атмосферата.

Слични содржини