Откако принцезата Беатрис од Јорк ја шокираше јавноста со експресното свршување за тајкунот Едоардо Мапели Мози, паро мораше да го одложи датумот на венчавката. Имено, 31-годишната ќерка на принцот Ендрју, мораше да ги откажи своите планови поради неговото пријателство со педофилот Џефри Епштајн. Откако прашината околу тој случај започна да се смирува, принцот Хари и Меган Маркл предизвикаа потполен хаос во кралското семејство и уште една планираната венчавка падна во втор план.
На почетокот на февруари, се чинеше дека конечно се е на своето место и дека новоодбраниот датум ќе биде трета среќа. Како што пренесуваат странските медиуми, венчавката ви требало да се одржи на 29 мај 2020 година, а приемот на гостите ќе биде организиран во Бакингемската палата.
За жал, доколку им се верува на претпоставките, ситуацијата со коронавирусот уште еднашка ќе ги измрси плановите. Бидејќи Едоардо по потекло е од Италија, доколку карантинот се прошири низ цела Италија, неговото семејство нема да може да допатува во Лондон, пишува Daily Mail
„Коронавирусот малку ги поремети плановите на принцезата. Иако нема потврда дека Италија ќе биде во карантин до мај, очигледно е дека се јавува грижа околу списокот на гости“, изјавил извор близок до кралското семејство.