Поради коронавирусот, одложен мобилниот Конгрес во Барселона

од Vladimir Zorba

После неколку денови неизвесност и лавина од вести за повлекување на некои од најголемите компании во светот, организаторите на мобилниот Конгрес во Барселона донесоа тешка одлука да го откажат годинашното издание. Причината е заканата од нов коронавирус, кој Светската здравствена организација го идентификуваше како светски итен случај во јавното здравство.

Во соопштението на GSMA се вели дека за да се обезбеди безбедно и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, било решено да се откаже новото издание на мобилниот Конгрес. Според организацијата, глобалната загриженост за опасната епидемија на коронавирус, тешкотии во патувањето и други околности го прават овој настан невозможен.

GSMA ќе продолжи да работи со Барселона за да го организира следното издание на конгресот во 2021 година, но јасно е дека оваа година главниот град на Каталонија ќе биде лишен од милиони евра приходи генерирани од настанот, а компаниите ќе треба да ги претстават своите нови производи на други начини.

Слични содржини