Поради масовните поплави во Италија – евакуирани околи 900 луѓе

од desk4

Поплавите во Италија, предизвикани од новиот бран дождови, предизвикаа околу 900 лица да бидат евакуирани од своите домови.

Над 500 лица се евакуирани во областа Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања, јавува АНСА.

Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат во итните случаи, вклучувајќи ги многумината кои допатувале од соседните региони.

Железничкиот оператор РФИ соопшти дека поради екстремни временски услови мораше да бидат прекинати услугите на линиите Болоња-Римини, Форли-Римини, Ферара-Римини и Равена-Римини.

Во регионот Марке, силни поплави беа пријавени во градот Пезаро, додека властите на Сенигалија апелираа граѓаните околу реката Миса да се преселат на горните катови на зградите.

 

Слични содржини