Поради мобилизацијата и денеска сообраќаен метеж на финско-руската граница

од Stefanija Kuzmanovska

Сообраќајниот метеж на финско-руската граница продолжува и денеска, соопшти за „Ројтерс“ граничната служба на Финска.

Исто така, беше наведено дека бројот на руски државјани кои влегле во Финска во четвртокот е зголемен повеќе од двојно во споредба со претходната недела.

Финска размислува да им забрани влез на повеќето Руси бидејќи прекуграничниот сообраќај се „интензивираше“ во четвртокот, по наредбата на претседателот Владимир Путин за делумна воена мобилизација.

Слични содржини