Поради навреди, во Собранието прекината комисиската седница за земјоделство

од desk2
Седницата на собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на чиј деневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно медицински препарати денеска беше прекината по усвојувањето на дневниот ред по упатена нефоrмална навреда кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Седницата на Комисијата, како што информираат од собраниските служби, нема да продолжи денеска.
Повеќе пратеници меѓусебно зборуваа кога заменик-министерот за земјоделство Благе Цветковиќ почна да го образложува предлог-законот. Претседателот на комисијата Димитар Стевананџија на два пати ги замоли присутните пратеници да не зборуваат, а потоа реагираше и пратеничката од СДСМ Татјана Прентовиќ, која замоли тие повторно да бидат опоменати. Во тие моменти една од пратеничките од СДСМ неформално, без вклучен микрофон, упати навреди кон пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Потоа Стевананџија ја прекина седницата, потенцирајќи дека таа ќе продолжи откако пратеничката ќе се извини за кажаните зборови.

Слични содржини