Поради новиот корона-бран, во Белгија задолжителна е работа од дома

од Milan1

Со цел да се спречи четвртиот бран на пандемијата на корона вирусот, белгиските власти одлучија да се работи од дома четири дена во неделата.
Во Белгија досега беше на сила само препораката за работа од дома за да се намали преносот на вирусот меѓу вработените.
Обврската за работа од дома, каде што е можно, ќе стапи на сила на 20 ноември.

„Целта на оваа мерка е да се ограничат инфекциите на работното место, како и во јавниот транспорт“, велат белгиските власти.

Белгиските власти повикуваат на максимална физичка дистанца меѓу луѓето и контактите да бидат ограничени, особено во затворени простории.

Пропусниците за Ковид, кои се неопходни за влез во белгиските барови, ресторани и настани со повеќе од 50 лица во затворени простории, односно 100 лица на отворено, сега ќе бидат придружени со задолжително носење заштитни маски.

На денешната седница на Консултативната комисија беше донесена одлука за обврска за носење заштитни маски на сите затворени јавни простори и јавниот превоз за сите лица постари од 10 години.

„Девет од десет граѓани се вакцинирани и тоа е причината поради која повторно не сме во полициски час“, изјави премиерот на Белгија, Александар Де Кроа.

Во последната недела, Белгија бележи просечно над 10.000 нови инфекции на дневна основа, што е за речиси 30 проценти повеќе отколку на почетокот на ноември.

Слични содржини