Американскиот Центар за контрола и превенција на болести синоќа соопшти дека ќе ги прегледува патниците кои со авион пристигнуваат од Централна Кина.

На патниците ќе им се мери температура и ќе бидат прашувани дали имаат симптоми на болеста предизвикана од новиот коронавирус, од кој во Кина починаа две лица, а десетици се инфицирани.

Лекарска контрола ќе се спроведува на аеродромите во Њујорк, во Сан Франциско и во Лос Анџелес, на кои слетуваат најмногу авиони од Вухан, Централна Кина каде се појави болеста слична на воспаление на белите дробови.

Во Вухан досега 41 човек се инфицирале од новиот коронавирус кој припаѓа на истата група како САРС (тежок акутен респираторен синдром) и МЕРС (блискоисточен респираторен синдром).

Во епидемијата на САРС во 2003 година во Кина и во другите азиски земји починаа неколку стотици луѓе.

Слични содржини