Поради пабовите: Велика Британија ја преразгледува мерката за социјално дистанцирање

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека се преразгледува мерката за зачувување на растојание од најмалку два метра, која беше воведена поради пандемијата од коронавирус.

Џонсон го рече тоа во пресрет на потенцијалното дополнително олеснување на рестриктивните мерки на 4 јули, пренесува Ројтерс.

„Ќе ја разгледаме и преиспитаме мерката додека се движиме кон следниот чекор од нашиот план, што е, како што знаете, 4-ти јули“, рече Џонсон, истакнувајќи дека стапката на зараза со коронавирус во Велика Британија опаѓа.

Џонсон го рече ова во време кога британската влада се соочува со притисок да го промени правилото за зачувување на оддалеченост од два метра и да го намали на еден метар со цел да го охрабри развојот на економијата.

Според „Скај њуз“, доколку остане на сила правилото за оддалеченост од два метра, две третини од англиските пабови ќе мора да останат затворени.

Слични содржини