Поради повреда во репрезентативниот настап со Шведска: Де Хеа може да паузира два месеца

од desk3

Фото: sportsmole.co.uk

Голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, сигурно ќе го пропушти неделното дерби со Ливерпул, поради повредата што ја здоби за време на натпреварот меѓу Шведска и Шпанија. во квалификациите за ЕП 2020.

Според „Сан“, големи се првичните стравувања во таборот на „црвените ѓаволи“ дека повредата би можела да значи два месеца пауза за Шпанецот. Ситуацијата, сепак, ќе биде многу појасна по дополнителните прегледи, а во негово отсуство, менаџерот Оле Гунар Солскјер ќе треба да се потпира на Серхио Ромеро.

За скоро осум и пол години во Јунајтед, Де Хеа пропушти само шест натпревари како резултат на повреда или болест. Добра вест за Солскјер е дека Ентони Марсијал, Пол Погба, Арон Ван-Бисака, Лук Шоу и Џеси Лингард веројатно ќе бидат на располагање на Норвежанецот за неделното дерби.

Слични содржини