Поради протестите Чиле откажува светски конференции

од desk3

Чиле се откажа од организирање на меѓународна конференција и форум поради големите протести што ја зафатија земјата, изјави денеска чилеанскиот претседател Себастијан Пињера.

Откажани е Светската конференција за климата, како и Форумот за економска соработка на Азија и Пацификот (АПЕК).

– Со длабоко чувство на тага, затоа што тоа е болно за Чиле, нашата Влада одлучи да не го организира Самитот на АПЕК, ниту Самитот за климата, посочи Пињера.

Самитот на АПЕК требаше да се одржи во Сантјаго на 16 и 17 ноември, а Самитот за климата „ЦОП 25“ од 2 до 13 декември.

Во Чиле веќе 12 дена се одржуваат протести со барања за поголема економска еднаквост и подобар јавен сервис. Демонстрациите се проследени и со вандализам поради што се затворени голем број метро станици.

Протестите во Чиле беа иницирани од зголемувањето на цената на метрото за повеќе од три отсто. И покрај тоа што подоцна беше повлечена одлуката, не е намалено незадоволството на граѓаните.

Минатонеделните протести кои излегоа од контрола го натераа Пињера, милијардер од десниот центар, кој на изборите во 2017 година ја победи левицата, да вети промени во корист на работниците. Тој вети и зголемување на минималната плата и пензиите, намалување на цените на лековите и јавниот превоз и обезбедување соодветна здравствена грижа.

Пињера во понеделникот смени осум министри, со цел да ја смири најголемата криза од 1990 година, кога земјата повторно стана демократска. Меѓу сменетите министри се и за внатрешни работи и за финансии. Тоа беше трета реконструкција на чилеанската Влада за повеќе од 1,5 година.

Слични содржини