Поради разорните земјотреси во Турција е прогласена седумдневна национална жалост

од Radmila Tasevska

Поради разорните земјотреси во јужните провинции на Република Турција, во кои загинаа стотици луѓе, во таа земја е прогласена седумдневна национална жалост, потврди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Анадолија.

„Поради земјотресот, во Турција е прогласена национална жалост седум дена“, рече Ердоган, додавајќи дека „турското знаме ќе биде на половина копје во сите наши претставништва во земјата и странство до зајдисонце во недела, февруари 12“.

Најмалку 1.651 лице загинаа, а 11.119 се повредени во земјотресите во Турција, потврди денес турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.

Земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Турција. Епицентарот на земјотресот е регистриран во областа Пазарџик во Кахраманмарас, Турција.

Потоа нов земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа Елбистан, исто така во Кахраманмарас, во 13 часот и 24 минути.

Слични содржини