Поради руски авиони над Балтикот, Германците креваат свои авиони во борбени позиции

од Stefanija Kuzmanovska

Германски воени авиони, стационирани на источното крило на НАТО, зазедоа борбени позиции 27 пати од август минатата година, откако беа предупредени за непознат авион во балтичкиот регион, објави во вторникот германското воздухопловство, Luftwafe.

За време на распоредувањето на авионите, германските сили идентификувале руски воен авион над Балтичкото Море, изјави портпаролот на Luftwafe.

Било издадено предупредување за германските авиони Eurofighter Typhoons кога непознат авион се приближил до воздушниот простор на Балтикот без сигнал од транспондер или радио контакт.

Повеќе од 150 германски војници се стационирани во Естонија од август минатата година со цел да го заштитат воздушниот простор на источното крило на НАТО.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во среда треба да ја посети воздухопловната база Амари.

Трите балтички држави и членки на НАТО, Естонија, Литванија и Летонија немаат свои воздушни сили, а НАТО ги користи литванските бази Амари и Сиаулиај за да го надгледува тој воздушен простор.

Сојузниците на НАТО го ротираат распоредувањето на авиони и персонал во овие бази. Германија учествува во оваа мисија од 2005 година.

Слични содржини