Поради шампањ предизвикал масовна тепачка

Карди Би и нејзиниот сопруг Офсет жестоко се опијаниле во петокот и рано наутро го напуштиле стриптиз клубот во Мајами. Потоа Офсет предизвикал масовна тепачка, пишува Page Six.

Раперот предизвикал хаос откако нападнал случаен минувач за кого посомневал дека ја полил со шампањ неговата сопруга.

Инаку, Карди Би била видена неколку часа пред инцидентот во ноќниот клуб Лив околу три часот изутрина. Нејзиниот сопруг се појавил нешто подоцна и ѝ се придружил. Сведоците тврдат дека и двајцата цело време пиеле додека биле во клубот.

ТМЗ ојави видео на кое се гледа како парот стои покрај подиумот и изгледа како Карди да е полиена со шампањ додека Офсет неконтролирано се дере на присутните и бара некој кој наводно е одговорен.

Слични содржини